Проект за изведба на системот за заштита од отпадните води во кичевскиот микро регион

Министерството за животна средина и просторно планирање е подготвено да ги стави на располагање човечките ресурси и капацитети за да дојде до реаизација на проектот за изведба на системот за заштита од отпадните води во кичевскиот микро регион. Овој систем кој ги опфаќа општините Кичево, Другово, Зајас, Осломеј, Вранештица и Пласница, покрај регионално има и национално значење, бидејќи реката Треска ги снабдува со вода акумулациите Козјак и Матка. Ова го истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми на денешната работна средба во Кичево на која присуствуваа претставници на Советот и Центарот  за развој на Југозападниот плански регион. Средбата е свикана со цел да се подготви апликација за искористување на средства од регионалната компоментна од ИПА помошта, што државава ја добива од страна на Европската Унија. Според стручните лица од Градежниот факултет од Скопје, кои беа вклучени во изработката на Физибилити студијата за целосно заокружување на системот потребни се 20 милиони евра, а со тоа целосно ќе се реши проблемот на загадената река Треска.

 

Адеми подвлече дека Министерството за животна средина и просторнио планирање има искуство во реалиација на вакви системи и затоа е потребна подготвеност и поддршка од општините во рамките на овој микро регион. Доколку сите релевантни чинители се вклучат во подготовката на документацијата нема пречка да се искористат планираните средства од регионалната компонентна на ИПА за 2012/13 година, нагласи Абдулаќим Адеми.

 

Претседателот на Советот за развој на планскиот регион, Рамиз Мерко очекува целосна поддршка од сите 13 градоначаници на регионот со цел да се реализира системот за третман на отпадните води. Мерко нагласи дека Центарот за развој во изминатиов период покажал успешни резултати во менаџирањето на проектите, така што и овој проект според него нема пречка да не биде реаализиран.

 

Градоначалникот на Општина Кичево, Благоја Деспотовски, користејќи ја средбата со министерот Адеми, ја истакна потребата од интензивирање на процесот на избор на концесионер кој ќе управува со регионалната депонија за цврст отпад во Југозападниот плански регион. Раководителот на Центарот за развој, нагласи дека во таа смисла треба најпрво да се надмине проблемот на утврдување на потенцијалните локации што треба заеднички да бидат утврдени со стрручните лица од Министерството за животна средина и происторно планирање, а потоа да продолжи процесот на избор на потенцијален концесионер.

19sep2011_1
19sep2011_2
19sep2011_1.JPG

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион