Имплементација на регионални проекти

Центарот за развој на Југозападниот плански регион започна со реализација на  регионални проекти, одобрени од страна на Бирото за регионален развој за 2011 година. Во три од проектите се вклучени сите 13 општини од Југозападниот плански регион, а тоа се: Селектирање отпад и набавка на садови за собирање хартија и пластика, Набавка на опрема за детектирање на губитоците на вода и Организирање каравани со фолкорни групи со можности за презентација на традиционална храна и етно-претстави.

 

Во останатите три проекти - Физибилити студија за одведување на отпадни води од локалитетот Градиште до Свети Наум, Изработка на технички проект за фекална канализација за Општина Вевчани и дел од струшката општина (односно населбите Долна Белица, Октиси, Подгорци и дел од Велешта), и Поставување мерен пункт за емисијата на гасови и загадувањето на воздухот во Осломеј, како партнери се појавуваат по три општини од Регионот.

 

Вкупната вредност на шесте проекти е нешто повеќе од 12 милиони денари, средства што ги доделува Владата на Македонија за развој на плански регини. Проектите се насочени кон решавање на некои актуелни проблеми во регионот, како и за намалување на диспаритетите меѓу регионите и развивање иницијативи за приближување кон Европската Унија.

 

Operativno_1.jpg
Operativno_2

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион