ЈАВЕН ПОВИК за невработени лица заинтересирани за практикантска работа

Центарот за развој на Југозападен плански регион во соработка со ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Република Македонија, ПСМ Фондација и Амбасадата на Кралство Норвешка, како дел од проектот "Креирање на работни места преку Практикантска работа", објавува повик за 15 невработени лица заинтересирани за практикантска работа, за период од 3 месеци. Проектот овозможува поддршка и стручно насочување на млади невработени лица, преку обуки и пракса да стекнат релевантни вештини и знаење, со цел полесно вработување или самовработување и адаптација на работните места.

 

За работата на практикантите предвидена е бруто месечна финансиска поддршка во износ од 6.000,00 денари, во кој износ се вклучени трошоците за персонален данок и осигурување при работа. Согласно идентификуваните потреби кај заинтересираните фирми, потенцијалните кандидати за практиканти треба да ги исполнуваат следниве.

 

Општи услови:

-       Невработени лица на возраст од 22-30 години;

-       Да се пријавени во агенција за вработување;

-       Универзитетска диплома за завршено образование од бараната квалификација;

-       Да се жители на општина од Југозападниот плански регион.

 

Квалификации побарани од фирмите според седиште и дејност:

  1. Фирмата ПЗУ "Д-р Дицоска" од Кичево има потреба од:
  • 1 дипломиран доктор по општа медицина.

 

  1. Фирмата "Сефа Транс" од Струга има потреба од:
  • 1 дипломиран студент по Економија или Јавна администрација.

 

  1. Фирмата "Јове" од Охрид има потреба од:
  • 1 дипломиран термоенергетичар (Машински факултет), да има познавање на AUTOCAD

 

  1. Фирмата "Инекс Горица" од Охрид има потреба од:
  • 2 Гастрономи (готвачи)

 

  1. Фирмата "Хајба Турс" од Охрид има потреба од:
  • 1 практикант со завршен Економски факултет, Туризам, Географија. Одлично познавање на англиски јазик, работа со компјутер и Интернет.

 

  1. Фирмата "ВПА" од Охрид има потреба од:
  • 1 дипломиран економист (насока маркетинг, задолжително познавање на англиски јазик)
  • 1 дипломиран економист (насока менаџмент, задолжително познавање на англиски јазик)
  • 1 графички дизајнер (задолжително познавање на англиски јазик)

 

 

Пријавување:

Заинтересираните лица може да аплицираат со испраќање на краток опис (CV) на мејл: CRJugozapaden@rdc.mk и valon.kaba@rdc.mk најдоцна до 21.07.2011 година.

 

 

Контакт лице:

Валон Каба

Тел.: (046) 550-146

Моб.: 070  316-883

Струга

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион