Работен состанок

На 7 јуни се одржа работен состанок  во врска со реализацијата на Проектот "Изработка на технички проект за фекална канализација во Вевчани и струшко", одобрен од страна на Биротот за регионален развој за 2010 година. На состанокот присуствуваа Владислав Жупан - општина Струга, Ваит Ајро - "Проаква" Струга, Наталија Калајџиеска Лазороска - општина Вевчани, Љубе Трајаноски - "Нискогрдба" Охрид, Мирјана Лозаноска и Стојан Савески - Центар за развој на Југозападен плански регион.

Учесниците беа информирани за проектот "Изработка на технички проект за фекална канализација во Вевчани и струшко", со акцент на главните активности и износот на одобрени средства од страна на Бирото за регионален развој за негова реализација. Притоа беше нагласено дека имаше намалување на средствата од БРР, така што за овој проект се добиени само 63% од побараните средства, а со тоа ќе треба да се редуцираат активностите во самиот проект или да се реализираат само неколку фази во рамките на расположливите средства.

Согласно Описот на работните задачи кој е составен дел на Проектниот документ, целта на овој состанок беше да се дискутира актуелната состојба на теренот, дали има некакви промени, со оглед на тоа што предлог проектот беше доставен во март 2010 година, а Договорот со БРР беше потпишан дури во мај 2011 година. Според присутните учесници на состанокот нема промени на терен, но истите укажаа дека постои Физибилити студија која е изработена во изминатиот период и исто така дека има идејни проекти/техничко решение за фекална канализација за Вевчани, Велешта, Октиси и Долна Белица. Оваа постојна документација е добра основа и ќе послужи при изработката на основниот проект.

На состанокот се состави и проектниот тим кој треба да направи подготовка и план за сите активности, изработка на проектна задача и спецификација за изработка на основниот проект и негова ревизија.

 

rabotensostanok1
rabotensostanok2

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион