Обука

Струга, 9 јуни - Од денеска земјоделските производители од Југозападниот плански регион можат да ги користат услугите за испитување на квалитетот на земјиштето со  мобилните лаборатории што Советот на регионот им ги додели на подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Охрид, Струга,Дебар, Кичево и Македонски Брод.Овие современи лаборатории се од голема помош за определување на земјоделското производството, како и во фазата на наѓубрување со што ќе се редуцира неконтролираното користење на ѓубрива.

Центарот за развој на Југозападниот плански регион заедно со добавувачот на опремата фирмата Фармахем од Скопје денес спроведоа обука со стручните лица од подрачните единици, така што веќе од утре земјоделците ќе можат да ја искористат оваа погодност.

Набавката на лабораториите се реализира во рамките на регионалниот проект "Промоција на земјоделски и млечни продукти", што на Центарот за развој му го одобри Бирото за регионален развој. Средствата се издвоени од националниот буџет за поддршка на планските региони.

 

obuka1
obuka2

 

 

obuka3 obuka4

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион