ЈАВЕН ПОВИК

 

Центарот за развој на Југозападниот плански регион во соработка со ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија, ПСМ Фондација и Амбасадата на Кралство Норвешка, како дел од проектот "Креирање на работни места преку Практикантска работа", објавува повик за 15 фирми заинтересирани за практиканти, за период од 3 месеци. Проектот овозможува поддршка и насочување на млади невработени лица, преку обуки и пракса, да стекнат релевантни вештини и знаење, со цел полесно вработување или самовработување и адаптација на работните места. Преку проектот, фирмите ќе добијат субвенции за вработување за секој практикант во висина од 3.000,00 денари месечно.

Практикантите се невработени лица, од 22 - 30 годишна возраст, со универзитетска диплома, пријавени во Агенција за вработување, со поминати обуки за презентациски, комуникациски и преговарачки вештини, како и подготовка на бизнис план.

Фирмите треба да ги исполнуваат следните услови:

-       Да имаат потреба од креирање на нови работни места;

-       Седиштето и работните простории на фирмите да се на територијата на Југозападниот плански регион, односно на територија на општините: Струга, Вевчани, Охрид, Дебрца, Дебар, Центар Жупа, Другово, Кичево, Осломеј, Зајас, Пласница, Вранештица и Македонски Брод;

-       Да обезбедат соодветно работно место за практикантот;

-       Да даваат соодветни насоки и работни задолженија;

-       Да даваат симболичен месечен надоместок од 3.000,00 денари;

-       Да го покријат трошокот за осигурување при работа.

 

Заинтересираните фирми може да аплицираат со краток опис на фирмата (не подолг од една страница) на мејл:

 

CRJugozapaden@rdc .mk или valon.kaba@rdc.mk

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион