Меморандум за соработка

Универзитетот Св." Климент Охридски" од Битола и Центарот за развој на Југозападниот плански регион денес потпишаа Меморандум за соработка. "Со потпишувањето на меморандумот се отвораат можности академското искуство да биде преточено во конкретни проекти со кои двете институции ќе можат заеднички да аплицираат кај домашните и меѓународните донатори", изјави по свеченото потпишување на Плаошник во Охрид, ректорот на битолскиот Универзитет, проф. д-р Златко Жоглев, кој истовремено наласи дека ваквите ангажмани ќе бидат од општа корист за граѓаните од регионот.

Деканот на Факултетот за туризам и угостителство, проф. д-р Сашо Коруновски, нагласи дека една од сферите во која може да се постигнат позитивни ефекти е токму туризмот, имајќи ги предвид извонредните потенцијали со кои располага Југозападниот плански регион."Позитивно е оценета првичната идеја и заднички ќе работиме на изработка на Студија за развој на туризмот на подрачјето на целиот Југозападен плански регион во кој влегуваат 13 општини од овој дел на Македонија", истакна раководителот на Центарот за развој, м-р Мирјана Лозаноска.

Студијата ќе ги следи општите определби од националната Стратегија за развој на туризмот, но особено внимание ќе биде посветено на ефектуирање на предностите на овој плански регион што ќе донесе поголема стапка на учество на туризмот во бруто домашниот производ, како и поголем степен на развој на економијата во руралните средини.

 

Memorandum_1
Memorandum_2

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион