Промоција на производите и креирање на мрежа на производители

Центарот за развој на Југозападен плански регион почна имплементацијата на проектот "Промоција на земјоделски и млечни производи во Југозападниот регион". На ден 29.10.2010, во Охрид, се одржа првата обука, од предвидените четири, на тема "Промоција на производите и креирање на мрежа на производители".

На обуката учествуваа претставници (индивидуални производители) од општините: Дебар, Центар Жупа, Вевчани, Струга, Охрид и Дебарца и предавачите Проф. Д-р Соња Србиновска (од Земјоделски факултет) и М-р Наташа Дуброва-Матева (Институт за сточарство).

Целите на овој проект се да му се даде професионална помош на производителите од регионот од страна на домашни експерти од областа, да се промовираат индивидуалните производители и нивните производи, креирање на мрежа на производители од целиот Југозападен регион, и да им се даде техничка помош.

Во проектот се предвидени уште три обуки на иста тема, кои ќе бидат дел од имплементацијата во следниот период. Дел од проектот е и подготовка на брошура со карактеристичните производи од целиот регион. Брошурата ќе биде печатена на 4 јазици: македонски, албански, турски и англиски јазик. Истотака ќе се изработи и веб портал каде ќе можат сите производители од регионот да ги промовираат своите производи.

 

obukaohrid01 obukaohrid02

obukaohrid03

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион