Здрава храна и млечни производи

На ден 05.11.2010 година, во просториите на хотел "Кичево" во Кичево се одржа втората обука на тема: "Здрава храна и млечни производи". На обуката учествуваа претставници (индивидуални производители) од општините: Македонски Брод, Пласница, Вранештица, Зајас, Осломеј, Другово и Кичево и предавачите Проф. Д-р Сузана Кратовалиева (од Институт за земјоделство) и Д-р Ристо Вучков (Експерт за сточарство и земјоделство).

Целта на оваа обука беше, со помош на предавачите, производителите од овој регион да разменат искуства во врска со производството на здрава храна. Исто така овие обуки се добра можност самите производители да разменат искуства и да креираат мрежа на производители од целиот Југозападен регион.

Оваа обука е предвидено да се одржи, со истите предавачи, и во останатите шест општини (Центар Жупа, Дебар, Вевчани, Струга, Дебарца и Охрид).

 

zdravahrana01 zdravahrana02

zdravahrana03 zdravahrana04

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион