Меморандум за соработка

Центарот за развој на Југозападен плански регион на ден 12.01.2011 потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот Универзитет во Струга.

Заедничката соработка е во насока на мобилизација на потенцијалите и развивање одржливи проекти за остварување на приоритетите од Програмата за развој на Југозападен плански регион и градење на капацитети на локално и регионално ниво.  Соработката и реализацијата на проектите ќе се одвиваат преку Институтот за eкономски развој и еколошки менаџмент, кои функционира во рамките на Меѓународниот Универзитет во Струга.

Страните потписнички се согласни меѓусебно да соработуваат во процесот на имплементација на активностите за одржлив регионален развој кои се одвиваат на територијата на Југозападниот плански регион.

 

memorandum01 memorandum02

memorandum03

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион