Саем за рецептивен туризам

На ден 17 и 18 Јануари 2011 година во Охрид, од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РМ се организира саем за рецептивен туризам.

Центарот за развој на Југозападен плански регион учествуваше со свој штанд на кои беа презентирани и општините од регионот.  Промоцијата на Центарот за развој, општините и другите економски оператори од регионот се изврши со пропагандни материали.

На штандот на Југозападниот плански регион се промовираа брошури од Центарот, брошури за општините и нивните потенцијали, флаери од хотелските капацитети, Дебарските бањи, како и голем број на други материјали.

 

saem01 saem02

saem03 saem04

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион