Презентација на „Физибилити студија за одведување на отпадни води од Кичевскиот микро-регион

Во рамки на седницата на Советот за развој на Југозападен плански регион, се одржа и јавна презентација на "Физибилити студија за одведување на отпадни води од Кичевскиот микро-регион".

На презентацијата присуствуваа Градоначалниците од Југозападниот регион, претставници од Градежен Факултет - Скопје (изведувачи на студијата), членови од Оперативното тело, претставници од јавните комунални претпријатиа, новинари, стручна јавност и вработените од Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Студијата ја претстави проф. Д-р Петко Пеливаноски, кој учествуваше во изработката на оваа Студија. Пеливаноски истакна дека со изградбата на овој систем за третман на отпадни води во Кичевскиот микро-регион се создаваат услови за спречување на натамошното загадување на животната средина во населените места, и ќе се зголеми нивото на чистотата на реката Треска. За пречистување на отпадните води, планирана е изградба на колекторски систем во должина од 65 километри и три пречистителни станици (Кичево, Поповјани и Пласница).

Раководителот на Центарот за развој, м-р Мирјана Лозаноска кажа дека Студијата ќе биде основа за алицирање за средства од ЕУ. Проектот за изградба на системот за отпадни води, според сегашните проценки ќе чини околу 20 милиони евра.

 

prezentacija01 prezentacija02

prezentacija03

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион