Завршна манифестација

На ден 28.04.2011 година, се одржа Завршната манифестација по повод успешно реализираните регионални проекти од 2009 година.

На свеченоста во хотелот Дрим присуствуваа министрите за локална самоуправа Муса Џафери и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, директорот на Бирото за регионален развој Џемаил Елмази, претседателот на Советот на Југозпадниот плански регион Рамиз Мерко, градоначалниците од општините од Југозападен плански регион, индивидуални производители од целиот Југозападен плански регион, медиуми, и други чинители на регионалниот развој.

Министерот Џафери најпрво искажа голема благодарност што бил удостоен да учествува на еден вака голем повод. Тој рече, дека основната цел на регионалниот развој на планските региони е да се подигне нивото на сите чинители на можностите што се нудат за подршка на регионални проекти, а кои се имплементираат преку Центрите за развој. Министерот Џафери нагласи дека функционирањето на  вакви региони е од големо значење за замјава, особено што Македонија има стратeшка цел да биде членка на ЕУ. Тој изрази уверување дека  таа цел ќе се оствари, а тогаш  уште  повеќе ќе дојде до израз работата и функционирањето на осумте региони.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски, кој исто така беше почесен гостин на завршната манифестација, ја истакна важноста на мобилните лабаратории за вршење на педолошки и агрохемиски анализи на почвата. "Свесни сме за значењето на земјоделството во Република Македонија и затоа голем дел од националните програми за поддршка на овој сектор се насочени кон зголемување на квантитетот и квалитетот на производството" рече министерот Димовски. Ја препознаваме вредноста на секторот кој обезбедува храна, но и производи за голем дел од професионалните земјоделци. Го почуствувавме пулсот на селото и констатиравме дека таму има потенцијал за развој. Затоа во изминативе години, но и во оние што следат, земјоделството за нас ќе биде приоритетен сектор", додаде министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Димовски.

Домаќинот и претседател на Југозападниот плански регион, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, ја пренесе реалната слика за застапеноста на финансиите во регионот. Тој смета дека регионите треба да имаат комплетен увид каде одат средствата наменети за нивни развој. Мерко додаде дека така треба да биде за да се спроведе успешна децентрализација.

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, заедно со градоначалниците на Кичево Благоја Деспотоски и Македонски Брод Милосим Војнески на подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во општините Струга, Охрид, Кичево, Дебар и Македонски Брод им ги предадоа мобилните лаборатории за испитување на земјиштето. На завршната манифестација беше предадена  Физибилити студијата за третман на отпадни води во Кичевскиот микро регион, која официјално ја добија  градоначакниците на  Кичево, Зајас, Осломој, Другово, Вранештица и Пласница. Исто така беше промовирана  публикацијата Земјоделски и млечни продукти во Југозападниот плански регион. Реч имаше  Проф. д-р Соња Србиновска од Факултетто за земјоделски  науки и храна од Скопје и професорката д-р Сузана Кратовалиева од Институтот за земјоделие во Скопје. На манифестацијата беа  изложени и дел од  производите на производители на земјоделски и млечни продукти од целиот Југозападен плански регион.

Покрај говорите на релевантните претставници за Југозападниот плански регион, програмата беше збогатена со културно уметничка програма на играорни групи на македонци и албанци. Исто така се вршеше дегустација на храна од органско потекло, бидејќи имаше штандови со промоција на земјоделски и млечни производи.

 

ZavrsnaStruga Zavrzna_Dimovski

Zavrzna_Merko-01 Zavrzna_Musa_01

Zavrzna_gosti Zavrzna_gosti_01

Zavrzna_gosti02 Zavrzna_Hrana

Zavrzna_Hrana_2 Zavrzna_Hrana_3

Zavrzna_Hrana_4

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион