Договорот за реализација на проектите

На ден 06.05.2011 година, во просториите на Бирото за регионален развој во Скопје, се потпиша Договорот за реализација на проектите помеѓу Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Југозападен плански регион.

Директорот на Бирото, Џемаил Елмази истакна дека проектите ќе значат поттик за намалување на диспаритетите меѓу регионите и развивање иницијативи за приближување кон Европската Унија.

Југозападниот плански регион ќе реализира шест проекти, за кои финансиската поддршка од Бирото за регионален развој е 12.074.294 милиони денари. Во три проекти се вклучени сите 13 општини од целиот Југозападен регион.

Листа на проектите:

-         Физибилити Студија за одведување на отпадните води од Градиште до Св.Наум

-         Поставување мерен пункт за емисијата на гасови и загадувањето на воздухот од ТЕЦ "Осломеј" и изработка на студија со предлог-мерки за заштита од загаденоста на воздухот

-         Селектирање на отпад и набавка на садови за 13 општини од Југозападен плански регион

-         Изработка на технички проект за фекална канализација за Велешта(дел), Вевчани, Подгорци, Октиси, Долна Белица

-         Организирање каравани со фолклорни групи, презентација на традиционалната храна и носии, етно претстави, спортски настани во 13-те општини од Југозападен плански регион

-         Набавка на опрема за детектирање на губиток на водите во Југозападен плански регион


byro01 byro02

byro03 byro04

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион